Во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп извршено е комплетно реновирање на сите одделенија. Завршена е набавката на голем број медицински апарати за поквалитетна здравствена заштита и услуга. Со сето ова прилепската градска болница ја враќа комплетната доверба кај пациентите. Директорот на болницата г-дин Петар Ристески изјави дека за само една година, прилепската градска болница доби комплетно нов лик, и почна да работи рентабилно, има доволен број на лекови и мазут за затоплување во престојната грејна сезона.