Јунајтед ќе троши немилосрдно, а фудбалски тинејџер би можел да биде и најскапото појачување!
Жозе Мурињо според пишувањето на англиските медиуми ќе добие неверојатни 300 милиони евра за прелазниот рок.
Тој може да се ослободи дури од петмина стартери, а големиот трансфер буџет да го искористи за додатно да ја подмалди екипата.
Заради тоа не е ни чудно што Јунајтед е спремен да плати околу 60 милиони евра за Реанато Санчез, најталентираниот португалски фудбалер.
Момчето кое веќе игра за првиот тим на Бенфика е на мета на”Ѓаволите” последните година дена, и одигра 22 меча за Бенфика, на кои постигна 2 гола.
Место во екипата би можело да му отстапи Депај. Мурињо често беше обвинуван да носи негови фудбалери, да се сетиме на Кварезма во Интер, Коентрао и Ди Марија во Реал, да го спомнеме и Фалкао кого минатото лето го донесе во Челзи….
А.Г.