Студенти од Славјанскиот Универзитет во Битола, оддел психологија, денес организираа музички хепенинг за децата од посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп.
Настанот опфати развојна работилница за децата преку психологијата, а потоа следуваше забавата, за која се погрижи Ален Хасановиќ, кого го придружуваше со акустична гитара Александар Здравков.
Децата беа особено задоволни и среќни и заедно со него ги пееа песните на Тоше Проевски.
Студентите кои го организираа овој настан се заблагодарија на директорот на училиштето Ахил Јаков, како и на АД Витаминка, кои донираа пакетчиња со производи за децата.