Мртов пијан завршил во станица на трезнење, наместо помош нарачал скара

Од големиот број пијани возачите кои останале во полициските станици ширум Република Српска за трезнење, полицијата особено памети еден.

pijanac

Мажот од Бања Лука бил пронајден од полицијата како во паркирано возило спие. Кога се доближиле, полицајците виделе дека човекот е пијан и не е способен да вози, па го однеле во полициска станица за да се отрезни.

Она што следувало ги шокирало сите вработени кои биле на смена во моментот. На пијаниот маж му било кажано дека има право на еден телефонски повик кој најчесто алкохолизираните лица донесени во станица го користат за да им му се јават на некој член од семејството. Но, во овој случај тоа не било така.

Тој се јавил во една позната кафеана каде има скара и нарачал седум порции ќебапи, па се вратив во просторијата за трезнење. Скарата не била само за него, туку ја понудил до сите кои биле со него, а дел имало и за полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.