“Господ нѐ вдахнови и умудри, на 17 јули 1967 лето Господово, да ја донесеме историската Одлука за целосна обнова на автокефалноста на дервната и славна Охридска Архиепископија!”, Митрополит Полошко-кумановскки г. Кирил.
„Македонската православна црква – наследница на обновената Охридска архиепископија – се прогласува за автокефална. На чело на автокефалната Македонската православна црква стои архиепископ со достоинство ‘архиепископ охридски и македонски’“.
Ова се првите два члена од Одлуката што на 17 јули 1967 година на свечена седница во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ја донесе Светиот архиерејски синод на МПЦ.
Пред 53 години, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква го свикал Третиот македонски црковно-народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид, каде се прогласило обновувањето на автокефалноста на древната и славната Свети Климентова Охридска архиепископија.
Корените на христијанството во Македонија потекнуваат уште од апостолско време. Македонците први го примиле христијанството во цела Европа. Потоа до особен подем дошло ширењето на христијанството во времето на учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј – свети Климент и свети Наум, охридските чудотворци, кои проповедајќи го Христовото учење на јазикот на Македонците, уште повеќе ја зацврстиле кај нив христијанската вера.
ДА ЖИВЕЕ ДРЕВНАТА И СЛАВНАТА СВЕТИ КЛИМЕНТОВА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХЕПИСКОПИЈА.
НА МНОГАЈА ЛЕТА!