Џенифер Брикер е родена без нозе, но таа никогаш не престанала да се движи.
Таа ја обожавала семејната трабулина и научила како да изведува трикови на неа. Олимписката шампионка Доминика Мокеану ја инспирирала да започне со гимнастика. На само 11 години Џенифер станала државен првак.
Џенифер била посвоена, а најголемиот пресврт во нејзиниот живот следел кога на 16 години дознала дека Доминика Мокеану нејзиниот идол е нејзина сестра.
По неколку месеци се сретнале за прв пат, а сега работат на тоа да го надополнат изгубеното време.
Ова е навистина неверојатна инспиративна приказна !
Ф.Г.