Момче пронајдено починато кај Демир Капија, трагаа по него цела ноќ

Починато лице утрово околу 5:40 часот е пронајдено на патниот правец Демир Капија- Неготино, во близина на местото викано „Прждевски Споменик“, потврдуваат од МВР за Курир додавајќи дека увидот е во текот.

 

policiska-lenta-1-640x425

Како што неофицијално дознаваме станува збор за 25 годишниот К. С. од Кавадарци кој вчера бил пријавен за исчезнат.

На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата на истите, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде заминал со мотор Хонда, по што му се губи трагата. Негови пријатели и блиски се организирале и го пребарувале теренот речиси 10 часа, по што момчето било пронајдено починато.

Од полицијата информираат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.