Секој родител сака неговото дете да биде безбедно и ќе направи се за да го овозможи тоа. На овие родители не им било јасно со кого разговара нивното дете во текот на ноќта, па одлучиле да постават камери за да видат за што се работи.
Станува збор за “бејби монитор” кој се става во собата на детето и со него можете да видите што прави и кога е будно.
Тој уред се поврзува на мобилниот телефон и ви овозможува постојано да имате контрола.
Овие уреди ги користат родителите кои го оставаат детето само во просторија, со цел да видат што прави детето кога не е со нив. Најголем проблем е кога има “пробивање / хакирање” на уредот, што често се случува.
Џеј и Сара морале да го набават овој уред, бидејќи нивниот тригодишен син им кажувал дека често разговара со некој во текот на ноќта.
Родителите најпрво помислиле дека ова е дел од детската фантазија, но поставиле камера во собата за да се уверат.
Кога ја прегледале снимката од камерата јасно се слушало како некој вика “Се пробуди детето”, а потоа и “Некој доаѓа во собата”. Тие истражувале и дознале дека некој го “пробил” уредот.
Затоа родителите би требало да бидат повнимателни кога ги набавуваат овие уреди.