Момироски: Најгласните сега молчат и без грам срам се прават на “мутави”

Во најновата колумна за минатонеделните општествено-политички случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна на финансиската состојба во која се наоѓаат јавните претпријатија во градот.

-Додека во ЈКП Водовод и канализација новите пописни тимови бројат и пребројуваат, а ревизорите сигурно ќе си ја работат и благовремено ќе си ја завршат својата работа, во ЈКП Комуналец веќе се е избројано, а финансискиот извештај констатира. Ова јавно комунално претпријатие 2025 година ја завршило со неплатени обврски спрема добавувачите од околу 540.000 евра. Или вкупните обврски во споредба со 2024 година биле зголемени за близу 40.000 евра. Факт е дека до пари се потешко се доаѓа наспротив зголемените трошоци, а услугите кои ги очекуваат граѓаните не ги добиваат на потребното ниво. Засега остануваат отворени три клучни прашања. Дали ќе се изврши внатрешна реорганизација преку нова систематизација, оти толку под шефови, шефови и над шефови ретко може да се најдат на друго место.

Второ, дали ЈКП Комуналец ќе се дели на два правни субјекти: ЈКП Комуналана хигиена и ЈКП Паркови и зеленило. Или клучното за иднината е јавно приватно партнерство. Која од овие варијанти ќе биде избрана сигурно дека ќе биде подобара од сегашната и за фирмата и за вработените во претпријатието и за граѓаните, оти вака повеќе не можи. Инаку целиот извештај за финансиското работење во текот на 2025 година ќе биде тема на расправа и пред советниците на една од следните седници. Оти на 1 април денот на шегата и лагата се закажани не една туку две. Првата ,советнички прашања, а веднаш потоа е следната на која ќе се расправа за ребаланс на општинскиот буџетот за 2026 година и финансиските извештаји на јавните претпријатија за 2025 година, освен оној за ЈКП Водовод и канализација.

Ништо не е подобра финансиската состојбата и во ЈП ПУП.Иако по обем мнгу помало ова претпријатие лани останало должник кон своите добавувачи околу 80.000 евра.Од вкупните приходи, велат од новиот управен одбор околу 61% одат за плати и за придонеси за вработените. Дали се многу вработени или малку допрво ќе покажат анализите, но факт е дека желба за излез има и кај вработените и кај членовите на новиот надзорен и управен одбор. Уште да има пари се ќе биде во ред.Ама нив се помалку ги има. Поради тоа има над 600.000 денари заостанати и неплатени рати за автобусите на метан купени од времето на СДСМ и тогашниот градоначалник Илија Јованоски.

Тогаш многу актуелни контраверзни информации и реакции околу набавната цена ама и со многу сомнежи за тоа дали се можни финансиски малверзации кај тогашната опозиција, ама сегашна позиција.Повеќе од шест години поминаа, тогаш најгласните сега молчат и без грам страм се прават на ,,мутави,,како јавно да не изразувале или како да немало сомнежи, односно дека се било обичен ветар и магла за пред граѓаните.

Покрај за репрогамирање на долгот во ЈП ПУП пред новото раковдство лежат и тежат и тужби на вработени по разни основи што се на се ја прават оваа состојбат уште по сложеа. Поради сето ова најверојатно можна е поголема внатрешна реорганизација. Па така одделот за Просторно и урбанистичко планирање да биде едно ,а градски или евентулно меѓу општинско сообраќајно претпријатие сосема друго. Со пуштањето на донираните четири автобуси во минатата година некои пресметки покажуваат дека би можело да се заштеди и во трошокот за горивата особено во ова кризно енергетско време. Притоа не е исклучено и минимално покачување на цената на некои од услугите на ЈП ПУП.

Целата колумна на Момироски, прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.