Момироски: “Куршлуз” со екскурзиите за средните училишта во Прилеп

Во најновата колумна за неделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски, стави сомнеж на регуларноста во тендерирањето на школските екскурзии во Прилеп. Момироски пишува дека на тендерот кој го објавиле две средни училишта, постои сомнеж за фаворизирање на струшка фирма, поради што првиот пат тендерот бил поништен.

Целиот дел од колумната прочитајте го во продолжение:

“Започнаа училишните екскурзиски тендер игранки кои можно е да завршат и на суд. Познавачи на приликите тврдат дека нив ги имало и ќе ги има. Оти пари и интереси се во прашање, а нема кој или не сака некој правилно да ги постави работите и се да си има нормален тек на работите. Тоа го потврдува примерот и со распишан тендер од две средни прилепски училишта. Откако бил распишан тендерот и од пријавените, избран бил најдобриот понудувч, инаку позната и реномирана тутистичка агенција од градов.

Агенција со околу 20 вработени, сопствен автобуски капацитет и со сите ,,нишани,,што ги бараат денешните современи европски стандарди. Но, меѓу другите имало и една скопска со двајца вработени. Ама најверојатно во Општината на некој тоа баш и не му било по волја па се нашло ,,мунасип,, тендерот да се растури. И повторно да биде распишан за да може и на овој тендер меѓу другите да конкурираат двете.

Овој пат со адут во рака за скопскава агенција откако ја разбрала најниската цена од поништениот тендер. Постојат сомневања кај заинтересираните страни дека ,,влакното во јајцето,, при првиот тендер е барано оти зад агенцијата од Скопје стоел струшки бизнисмен, поврзан со некој политички моќник од владеачката партија, и морало да биде фаворизирана.

Иронијата да биде уште поголема, при вториот тендер скопската агенција решила да понуди пониска и од економската цена, или најниска, од најниската во првиот тендер. Сега треба главниве во прилепскава општина да ,,сечат,, и да одлучат дали ,,игрнкава,, тие ќе ја завршат или судот. Бидејќи за да се добие лиценца ,,А,, требало да има најмалку 4 вработени, а не 2. Ама кај нас веројанто се’ може и се’ поминува. Особено лесно брзо и едноставно, ако е подмачкано со квалитетна ,,графитна маст,,?!?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.