Момироски: Дали ученикот кој падна од прозорец во училиште во Прилеп, е мотивиран од социјалната мрежа “Тик-Ток”?

Социјалните мрежи денеска вријат од коментари и реакции по несреќниот настан, кој вчера попладне се случи во ООУ “Гоце Делчев”, a каде ученик заврши со тешки телесни повреди по пад од прозорец. Маркукуле прв дозна за несреќниот настан, а денеска за настанот на социјалните мрежи свои сознанија напиша и новинарот Зоран Момироски.

Неговиот ФБ статус го пренесуваме во целост во продолжение:

-Несреќен случај го означи почетокот на второто полугодие од оваа учебна година.Ученик од шесто одделение од O.О.У.”Гоце Делчев” во Прилеп, преку прозорец од трет спрат паднал во училишниот двор. Со тешки повреди на стапалата и рбетот со итна медицинска помош веднаш е префлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во клиниката за детска хирургија во Скопје. Според информациите несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот. Дежурната наставничка на спратот при проверка на училниците го забележала детето само во училницата. Притоа го прашала зошто не е излезен да игра со останатите деца за време на одморот. Одговорот бил оти на детето му студи и сака да седи во училницата, знaејќи дека станува збор за мирно и повлечено момче. Таа ја испочитала неговата желба. За брзо потоа останатите деца кои биле во дворот и го виделе повреденото дете дека безпомошно лежи на земјата во страв и паника да викаат и бараат помош. Веднаш излегле сите наставници и превзеле се’ што е во интерес за здравјето на момчето. Дали за овој чекор ученикот е мотивиран од социјалната мрежа ,,тик ток,, или од сејмени причини, треба да покаже истрагата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.