Човечкиот мозок е многу комплициран. Се состои од 100 милијарди неврони, а количината на врски меѓу нив е поголема од бројот на ѕвезди. Овој орган учествува во сè што правиме. Неговата избалансирана работа ни дава здравје, благосостојба и мудрост.
Сепак, секој ден губиме 85.000 мозочни клетки. Но, излегува дека одреден начин на живот може да го промени тоа. Ние се заинтеренсиравме за тоа што д-р Даниел Г. Амен, познат невролог, им препорачува на своите пациенти и би сакале да ги споделиме овие совети со вас.
Д-р Даниел Г. Амен се заинтересирал за тајните на мозокот кога го изучувал својот томограм. Во тоа време имал 37 години и сфатил дека неговиот мозок не изгледа премногу добро. Даниел не пиел алкохол, не пушел цигари или земал дрога, но имал неколку нездрави навики: спиел само 4-5 часа на ден, пиел газирани сокови, бил со прекумерна тежина и страдал од хроничен стрес.
„Ми стана жал за мојот мозок и решив да го подобрам.“, вели Даниел. Тогаш тој почнал да работи на себе и на усвојувањето на добрите навики.
Тој основал десетици клиники ширум светот кои ја проучувале функцијата на мозокот. За период од 20 години, д-р Амен направил 70.000 томограми на луѓе од 90 различни земји и докажал дека сите ние можеме да го успориме или дури и да го смениме процесот на стареење. Најдобра демонстрација дека неговата теорија е точна е подобрувањето на сопствениот томограм.
Ова е томограм на мозокот на Даниел Г. Амен.
Нашите секојдневни навики можат да ни нанесат штета или да им помогнат на нашите мозоци. Најопасните работи за здравјето на мозокот се повредите (нема ништо полошо од топчето што ве удира по глава), дрога и алкохол, дебелина (кога се зголемува телесната тежина, се намалува активноста на мозокот), пушењето цигари, висок крвен притисок, дијабетес, токсини во животната средина, недостаток на вежбање, зависност од компјутерски игри, прекумерн кофеин, недостаток на спиење, стрес, седентарен начин на живот и негативни мисли.
Најголемата карактеристика на мозокот е неговата флексибилност. Затоа секој може да го подобри своето здравје! Д-р Даниел Г. Амен го препорачува следново:
Направете позитивни социјални врски затоа што ги имитираме навиките на луѓето со кои комуницираме.
-Никогаш не престанувајте да учите нешто ново; Водете здрав начин на живот; Земете мултивитамини и додатоци во исхраната со рибино масло; Научете некоја активност поврзана со музиката; Физички вежби; Танцувајте; Спијте најмалку 7 часа на ден; Работете на вашето позитивно размислување; Чувствувајте се благодарни на вашиот живот со запишување на 3 работи за кои сте благодарни, секој ден – ова ќе функционира подобро од било кој антидепресив; Медитирајте.
Ова е мозокот на пациентот кој ги следел препораките на доктор Амен.
За да ги оствариме нашите соништа, нашиот мозок треба да работи правилно и ефикасно. Затоа мора да бидете внимателни кон вашето здравје. Треба да се откажете од сите ваши лоши навики кои се штетни за вашиот мозок и да усвоите поздрави. „Веднаш штом ќе научите како да го сакате мозокот и да се ослободите од лошите навики, ќе бидете способни да го користите овој орган со полн капацитет“, тврди д-р Даниел Г. Амен.