Можна е тужба од Германија за измислената афера на Спасовски

Компанијата „Веридос“ е една од најсериозните светски фирми во овој бизнис. Истата е формирана со фузионирање на две реномирани фирми Giesecke & Devrient и Bundesdruckerei.

veridos

Во Управниот борд на германската компанија „Веридос“ размислуваат да му поднесат тужба на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски заради уривање на угледот на компанијата, дознава КУРИР.

Највисоките раководители биле фрапирани од несериозното однесување на министерот Спасовски и одлучиле во моментов да одат само со писменото појаснување, но како опција ја оставиле и тужбата доколку Спасовски уште еднаш се појави во јавност измислувајќи афери во кои нивната компанија би ја поврзувал со криминал.

Тужбата би била крајна мерка бидејќи станува збор за невиден преседан и за германската компанија, но и за Република Македонија. Германската компанија досега немала вакво искуство и некоректен однос, а од друга страна Република Македонија заради Оливер Спасовски би била вовлечена во срамен меѓународен скандал кој испраќа лоша порака за сите интернационални компании.

Токму поради ова, од германската компанија во моментов одблиску го следат однесувањето на Спасовски, а за неговото некоректно однесување била алармирана и германската амбасада во Скопје.

Компанијата „Веридос“ е една од најсериозните светски фирми во овој бизнис. Истата е формирана со фузионирање на две реномирани фирми Giesecke & Devrient и Bundesdruckerei.

giseke

Втората е во сопственост на државата, односно германската Влада, така што и во новоформираната „Веридос“, Германија практично поседува 40% од капиталот.

bundes




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.