Леонардо Дикаприо е еден од најпосакуваните ергени во светот, но сега јавноста го насочи вниманието кон него бидејќи холивудскиот заводник заплови во нова романтична приказна.
Поточно како што пишуваат странските медиуми, Лео е во врска со 20 годишната Челзи Веимар која е топ модел.
Во медиумите се објавени неколку нејзини фотографии кои се направени во домот на Леонардо во Лос Анџелес, а претходно се видени заедно како заминуваат од популарниот ресторан Нобу Малибу.
Од друга страна пријателите на Леонардо тврдат дека приказната е далеку од вистината. Лео не е во врска„ И не се гледа со никого во моментов, тврди наводната пријателка, која сакала да остане анонимна.
Останува да видиме дали навистина е така….