Можете да завршите во затвор доколку симнувате филмови од торент

Доколку живеете во Индија и имате навика да ги симнувате омилените филмови и телевизиски серии преку торент сајтовите, можете да завршите во затвор.

 

1212

Некои земји веќе воведуваат ригорозни казни во врска со торент сајтовите и пиратските содржини, а Индија „ги премина сите граници“.

Имено, сите оние кои што ќе посетуваат торент сајтови или сајтови за пиратска содржина кои што се забранети од Владата во Индија , би можеле да завршат во затвор, или пак да платат казна од 4,468 долари. Накратко, Владата на Индија не сака своето население д а користи пиратска содржина.

Индиската Влада веќе има блокирано неколку популарни торент сајтови во земјата, но луѓето и натаму ги посетуваат блокираните сајтови благодарение на разни методи. Една од тие методи е промена на IP адресата со користење на VPN.

222

Порано, кога некој сакаше да ги посети пиратските, блокирани сајтови, се појавувала порака која ги известувала посетителите дека веб страницата е блокирана од владата на Индија.

Сега, наместо таквата „блага“ порака, се појавува порака со детално објаснување со какви последици можат да се соочат посетителите доколку користат пиратска содржина – затворска казна до три години и висока парична казна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.