Животните многу често се поодговорни родители од луѓето, што покажаа и многу истражувања и конкретни докази низ историјата, каде што животните успешно одгледувале и спасувале деца од опасностите кои се закануваат во дивината.
Овие приказни, кои на најдлабок начин ги хуманизираат животните, кријат најморничава можна нота, поради што со децении, ако не и векови, не престануваат да ги фасцинираат љубетелите на бизарните работи.Оние кои пораснале на книгите за џунглите, во овие деца ќе видат остварување најубави детски соништа и мечти, но и стравови, затоа што дивината во човекот предизвикува ужас кој ретко со што може да се мери.
Ви претставуваме деца кои биле одгојувани од животни, кои и покрај се, сепак преживеале далеку од цивилизацијата.
1.Девојчињата Амала и Камала кои ги одгледувала волчица
Ромул и Рем без сомнеж е најпознатиот пар кој го одгледувале волци, но овие две девојчиња секако се најпознати меѓу историски потврдените случаи. Пронајдени се во чопор на волци во 1920 година, вратени се во своето село во Индија, откако мештаните го убиле нејзиното диво семејство.
Со години на мештаните не им било јасно како овие девојчиња преживеале во дивината, а според локалното предание, имале изразени предни заби и вилица и често им сјаеле во мракот. За мал, помалото девојче Амала набрзо починала, додека Камала со време да оди и нормално да се храни. Камала во текот на животот научила вкупно 50 зборови.
2.Девојче кое го одгледувала мечка
Овој случај е единствен на светот. Имено, ловците во текот на една хајка биле шокирани кога виделе мечка како држи девојче. Помислувајќи дека детето е во опасност, тие пукале во мечката и останале шокирани од изненадување кога девојќето легнало преку “мајката“ и не сакала да се помести од неа.
Била вратена во цивилизација, но никогаш не јадела готвена храна, туку исклучиво само сирово месо.
3.Дете кое го одгледувале мајмуни- вистински Тарзан
Малиот Џон Себуда од Уганда исчезнал во 1988 година, кога татко му ја убл мајка му. Се смета дека детот, кое тогаш имало само две години, татко го оставил шума не би морал да се грижи за него. Три години после исчезнувањето, него го пронашле дрвосечачите, бил гол и имал долги нокти.
Со оглед на тоа што три години живеел во чопор со мајмуни, Себуда доста спретно се качувал во дрвја. Неколку години покасно, изјавил дека мајмуни го научиле да пронајде храна и го прифатиле како свој.
4.Дете кое го одгледале газели и кое никогаш не е пронајдено
Жан Клод Огер, антрополог од Баскија на едно од своите бројни патување воочил крајно несекојдневна глетка во Сирија – чопор газели дете кое вика како нив обидувајќи да ги имитира нивните звуци. Детето инстиктивно ги триело мускулите како газела и јадело корења како и животните. Луѓе на основ на сведочењето на Огер пробале да го пронајдат детето во 1966 година, но не успеале.