МНР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ: Ако патувате во Грција избегнувајте ги овие места

Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои утре планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација, пренесува инфомакс.

– Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 јуни 2018 год., ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат истиот ден (среда, 6 јуни) , со почеток во 19:30 часот. Заради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност, стои во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.