Младиот кик-бокс јунак Виктор Димовски-Тампес кој живее во Германија денеска на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Дизелдорф освои два златни медали во категориите лајт контакт (до 47, односно до 53 килограми).
Покрај овие два успеси, Виктор ќе се обиде да го освои и првото место во категоријата семи контакт (до 47, односно до 53 килограми), со што ќе застане на тронот на светскиот кик бокс.
Инаку Виктор е родум од Велес, а живее и тренира во германскиот град Франкфурт.
Имаме со што да се гордееме насекаде во светот!