Младо момче од Прилеп фатено на дело – Крадел во куќа

На 27.09.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(22) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај него била пронајдени одземените предмeти и биле вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.