Денеска на последниот ден од кампањата за претседателските избори, Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” поставија штанд и поделија рекламен материјал, барајќи ја довербата на прилепчани за Професорката Гордана Сиљановска Давкова во недела и бројот 2 на гласачкото ливче.
Од УМС Прилеп велат дека во добиле голема поддршка за Сиљановска и дека тоа ќе се покаже во недела, кога голем број млади ќе го дадат гласот на право и правда.