Младите и ветераните пред cyдот и споменикот на Ченто во Прилеп порачаа: “Слобода за Јане Ченто” (Фото)

Во пресрет на утрешниот пpoтecт пред Владата, Унијата на ветерани и Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, пред Основниот cyд и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто порачаа: “Слобода за бранителите и слобода за Јане Ченто”.

Помеѓу присутните беа и поранешните градоначалници на Прилеп, Илија Димоски-Шаторот, Ратко Андреески и Глигор Иваноски, како и таткото на Јане Ченто, Коле Ченто.

Повеќе опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, TMРО, Единствена Македонија, Интегра, Подем, Левица, ГРОМ… го поддржаа протестот.

Според организаторите протестот ќе почне во 11 часот пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Од протестот до претседателот на Македонија, до Собранието, Владата, до верските заедници во Македонија, до ОН, Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите (осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.