Младинската заедница при СОУ Гимназија “Мирче Ацев” , како и секоја година го организираше традиционалниот турнир во баскет, кој се одржа во декември 2015год. На овој турнир се пријавија вкупно 18 екипи составени од професори и ученици од гимназијата. Организациската структура се состоеше од претседателот на Младинската заедница Надица Бунеска, професорот по спорт Тони Атанасоски, Христијан Јанкоски, Дамјан Савиноски, Марио Ангелески, како и голем број други ученици, кои активно се вклучија во сите активности.
Финалето се одржа на ден 09.12.2015г.(среда), каде што најдобрите се бореја за првото, второто и третото место. Исто така, на финалето присуствуваја и гости од Центарот за јавно здравје Прилеп, кои го искористија овој турнир за да го покажат значењето на врската помеѓу спортот и здравјето.
Д-р Татјана Станимировиќ одржа краток говор по повод месецот декември, месец на борбата против сидата.