Младата Ангела Трајкоска од Прилеп го освои третото место на Балканското првенство во Грција

Борачките на БК “7 Мај” од Прилеп, на Балканското првенство кое викендов се одржува во Ксанти, Грција, со репрезентација на Македонија настапија во конкуренцијата до 15 години.

Ангела Трајкоска во силна конкуренција со две победи и два порази, успеа да го освои одличното трето место во категорија до 36 кг.

Додека пак Тамара Цветкоска, во категорија до 50 кг, во борбата за трето место несреќно загуби во последните 10 секунди, при водство од 6:0 во првата рунда.

Сега очите се вперени во Барбара Стојкоска, која в недела настапува на Медитеранските игри, кои се во продолжение на балканските игри.

Барбара ќе се бори во категорија до 61кг, а првата борба и е против Гркинката Евгенија Транау.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.