Миpно си пиеше кафе во ресторан, кога одеднаш влегoа мacкиpaни полицajци и го спружија на земја (Видео)

Полициски службеници од српското МВР го привеле Р.О. (43) во Белград поради сомнение дека сторил кривично дело изнуда.

На видеото кое го објави МВР на Србија, осомничениот мирно седел на терасата на едно кафуле кога упаднале припадници на ОКП, при што веднаш му ставиле лисици на рацете.

Моментот на апсењето се случил по предавањето на парите. Осомничениот во мај од скриен телефонски број со закани по живот кон триесет и двегодишен маж изнудил пари во износ од 1.000 евра.

Кај него бил пронајден и плик со пари. На Р.О. му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.