ИТНО: Во моментот од мојата посета во Кочанско, потребна е итна реакција, народот е вознемирен и бара помош. Апел до власта за итна реакција! – напиша на ФБ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пристигна во Кочани.
– Во моментот сум во Тркање-Кочанско, огнот е над селото. Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва. Се даваат надчовечки напори за локализирање на стихијата – напиша во наредната објава на ФБ Мицкоски.