Мицкocки обjaви докyменти: Tpaнcaкциja платена од МЗ за кинecки вakцини по двojно повиcoка цена (Фoто)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите објави документ од кој се потврдува дека имало уплата, но не се знае дека имало поврат на средства, од страна на Владата за набавките на кинеските вакцините.

Нова димензија добива аферата откриена неодамна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за скандалозна набавка на вакцини од страна на власта за двојно повисока цена.

Имено, на денешниот брифинг со новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави документ трансакција според која власта за кинеските вакцини ќе не чинеле двојно поскапо.

Со ова се потврдува целата афера околу обидот на македонската Влада да набави кинески вакцини преку преку фирмата посредник “Старби”.

Во документот кој го покажа Мицкоски стои дека Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонгконг уплатила 7.8 милиони долари, со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинеле 65 долари.

Откако аферата беше обелоденета, од министерството за здравство тогаш се правдаа дека станува збор за лажен документ кој бил презентиран тогаш.

Останува нејасно дали по обелоденувањето на аферата парите се вратени, бидејќи според она што денес го презентираше Мицкоски, мулти милионската сума била исплатена.

Извор:“Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.