Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски вечерва одржа средба со граѓаните во Прилеп.
Огромен број членови и симпатизери на партијата, но и незадоволни граѓани од политиките на актуелната влада, беа пристутни, па салата и ходниците во старата општинска зграда беа претесни да ги соберат сите.
Со патриотски извици и овации Мицкоски беше пречекан од прилепчани, при што од стотици грла ечеше “ВМРО, ВМРО, ВМРО” и “МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА….”.
Mицкоски ги повика прилепчани во голем број да излезат и да го поддржат протестниот собир во сабота пред Владата на Република Македонија.
Тој рече дека незадоволството во државата кулминира, економијата крахира, а Владата предводена од Зоран Заев ги распродава националните интереси на државата.
Мицкоски им порача на прилепчани дека многу скоро ќе дојде денот кога граѓаните ќе го кажат својот збор и дека Македонија ќе победи.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот длабоко се наклони пред насобраните граѓани и им се заблагодари за нивната борба и истрајност.