Мицкоски: Според “Форбс”, Лaoc, Камбоџа и Бангладеш се побезбедни кopoна земjи во однос на Македонија

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

“Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија.

ФОРБС ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!

При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата. Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.

Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме троцифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее. Бројките на ФОРБС жестоко ги демантираат.
Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Корона додека сите земји од регионот се подобро рангирани”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.