Мицкоски смирено и сигурно: Имам полна доверба од ЦК, ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува се посилно

Се чувствувам комотен и можам да кажам дека јас сум можеби единствениот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој својата доверба самостојно ја ставил пред делегатите на Централниот комитет на партијата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М.

Мицкоски потенцираше дека тоа го направил веднаш по настаните кое се случува во Собранието.

-Статутот на ВМРО-ДПМНЕ овозможува претседателот самостојно иницира процес во кој ќе побара одржување вонреден конгрес на кој ќе се разговара за неговата доверба. Јас за оваа моја одлука не разговарав буквално со никого, туку на почетокот од ЦК, потпретседателите на партијата и генералниот секретар ги запознав со оваа моја одлука, дека на седницата на ЦК ќе излезам и ќе побарам доколку цени ЦК, одржување на вонреден конгрес на кој ќе се разговара за мојата лична доверба. Исто така, за да не им биде непријатно на членови моето присуство во салата, според определен член од Статутот кој мене ми овозможува со специјална одлука ги пренесам моите надлежности на еден од потпретседателите, тоа да го направам и да му ја дадам можноста да ја води седницата, а јас истата да ја напуштам. Тоа и во направив. Можам да ви кажам дека 125:0 беше гласањето од страна на членовите на Централниот комитет, дека нема потреба да се организира вонреден конгрес, објасни Мицкоски.

Тој посочи дека ваквата одлука била доволна за него лично, да заклучи дека како личност ја ужива довербата од Централниот комитет во кој членуваат сите претседатели на општинските комитети, структурата на УЖ и УМС на партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.