Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видео обраќање повика граѓаните да покажат хуманост и кој колку може да донира за младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција, Калитеа и остана врзан за кревет.
Донации за Лео се собираат од сите страни, со цел на ова момче на кое државата му сврте грб, да му се овозможи да стане од кревет и да може да се врати во училишните клупи. За момчето се потребни 140.000 евра за лекувањето. Телефонски броеви за донација се на Т-МОБИЛЕ 143-118 и на А1 143 500.
-Овој пат зборувам како родител и обичен граѓанин. Правото на живот е загарантирано за секого. Ако институциите не можат да го решат проблемот со малиот Лео тогаш ние како граѓани да се вклучиме, да бидеме хумани и да помогнеме! Да му помогнеме на Лео. Затоа ве повикувам сите да донираме – порача Мицкоски.