Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на брифингот со новинарите очекува дека следната година да има предвремени избори. Тој дури и посочи и конкретни датуми 14 или 21 мај, а кампањата би започнала кон крајот на април.
-Состојбата во државата е неподнослива, но и внатре во владејачките партии пред се СДСМ- ДУИ и Алтернатива. Потребно е ресетирање на системот. Нерелно е она што говори Ковачевски за избори во 2024 година и тоа прво претседателските, а потоа парламентарните-вели Мицкоски.
Во таков случај Мицкоски очекува претседателските избори да бидат неуспешни и фунцкијата да ја извршува претседателот на Собранието. На тој начин ДУИ покрај функцијата претседател ќе има и технички премиер сосгласно договорот што го имаат со СДСМ.