Мицкоски: Очекувам намалување на цените на горивото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот во Влада.

-Чувствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста како Влада дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи. Покрај анализите се разбира се вклучени и пресметките се со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Исогласно тие пресметки коишто ги направивме во текот на вчерашниот ден одкако берзите затворија, и одкако ги изанализиравме движењата на нафтата и нафтениете деривати на берзите во изминатата недела, направивме калкулација и прасметка и врз основа на истата очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со која што ќе имаме намалување на цените на дизел горивото, односно на бензините и тоа: Евросуперот 95 и Евроспуперот 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари, изјави премиерот Мицкоски.

„Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека во овие пресметки не се вклучени дополнителните попусти што ги даваат одредени компании, со што реалните цени би можеле да бидат и пониски.

Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која, според него, во одредени денови достигнува и до 30 проценти повеќе од просекот.

Според Мицкоски, Владата ќе продолжи со политики за ублажување на ценовните шокови, при што најави и понатамошни анализи и можни мерки во периодот што следи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.