Мицкоски: Никој не може да ми забрани да кажам дека сум Македонец од Македонија

Никој не може да ми забрани да кажам дека сум Македонец од Македонија, посочи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето интервју дадено за „Радио слободна Европа“.

-Никој мене не може да ми оспори, а тоа го видовте и при моето обраќање во меѓународната заедница да ми го забрани правото да кажам дека јас сум Христијан Мицкоски, од Македонија, Македонецот кој што говори на македонски јазик, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа право никој не може да му го оспори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.