Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Државниот Министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаил Рот.
На средбата се афирмираа добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Истовремено, Мицкоски нагласи дека еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Република Грција е штетен на интересите на Република Македонија и дека тој не може го поддржи.