Мицкоски: “На Македонците и на другите граѓани им е дојдено преку глава да бидат граѓани од втор ред”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес е во посета на Куманово.

– Денес дојдовме во Куманово за да разговараме со кумановчани за актуелната ситуација, за предизвиците кои изиминатиов период ги чувствуваме сите ние. Пред се мислам на лошата политичка и економска состојба во државата, предизвикана од тригодишната “пандемиja” предводена од раководството на Зоран Заев, вклучителоно и лошото справување и менаџирање со Koвид-19.

Во цела Европа животот се нормализира и се отвараат границите, но кај нас до прва ги дочекуваме најголемите пикови и бележиме рекорди по бројот на луѓе кои што за жал го губат својот живот. Периодот кој следува, ќе се обидеме ширум Македонија да ја презентираме нашата програма, да разговараме со што е можно повеќе сограѓани и да ги убедиме во нашата мисија. Нашата мисија е победа над “пандемиjaта” наречена СДСМ, а потоа и справување со Koвид kpизата и се разбира Македонија да ја вратиме во нормален економски и политички колосек, изјави Мицкоски.

На прашањето на новинарката за барањата на ДУИ, Мицкоски додаде: Демократската унија за интеграција веројатно се чувствува прекомфорно и комотно во оваа три годишна коалиција со СДСМ и мислат дека начинот на којшто на кој што функционираат со СДСМ, така ќе може да се однесуваат и со сите останати политички партии. Она што сакам да им порачам е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците но и останатите граѓани во Македонија им е дојдено преку глава да бидат граѓани од втор ред. Таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.