Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утринава сподели статус поврзан со аферата Рекет.
-Кога излезе аферата “Рекет” зборував дека имаме работа со криминален октопод. Денес е совршено јасно дека е така, и тоа е реалноста.
Но што превземаат власта и институциите: Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги лажат нашите партнери од меѓународната заедница за некаква одлучна борба против криминалот. Играа на картата дека и ова ќе помине, а народот има кратко помнење, па старите и старо новите стратези од времето на “револуцијата”, скапо платени (додуша кај овие старо новите од времето на “револуцијата” најпрвин ќе ги подмират за заостанатиот долг…) ќе ги советуваат, сега треба позитивна кампања за да се покрие срамот и ќе почнат со украдени проекти и политики да се фалат, споредувајќи го напредокот на Република Македонија од 2012 до 2018. Но срамот и криминалот се големи и тешко дека некоја лага или измислена приказна ќе ги покрие. А ова било само мал дел, ќе речат познавачите…, срамот и криминалот се многу поголеми од што можете да замислите и зафатени биле повеќе области и личности.
Па така додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто сеуште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот.
Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сеуште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е.
Тргуваат со правдата, како што тргуваа со името и идентитетот. И додека трговијата им врви, а џебовите им се полнат, нема ден а да не помислам на неправдите кои ги направија. На луѓето кои умираат по ходниците во болниците, зошто таму шајка не е закована, за бедата по студентските домови која одново ги чека студентите од септември, солзите на нашите родители кои невешто ги кријат кога ги испраќаат своите чеда во незвесност таму некаде далеку, за неплатената мака на земјоделците, за тоа како сеуште убијци се на слобода, за плачот на блиските на Саздо, Мартин Јанушев, Смилковско, за прогонот, за Ченто, Димитар, Дејан, Горан, Миле, Митко….
На народот му збогтиса од ваквото блескање на куфер политиката на Заев кој Македонија ја води во амбисот. Ако Македонија беше правна држава, денес главата на октоподот ќе беше со лисици на рацете. Но за жал понижена, украдена, обезличена е нивната приказна за Македонија, но не и мојата, не нашата приказна. Македонија мора да се исправи, а Заев да го поразиме. А после, после се знае, секој според заслуженото, без оглед кој е и од каде е. Ако сакаме напред, а мораме, зошто друг пат немаме.
Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!
ПС: И еве еден совет до сеачите на магла до СДСМ, непробувајте да одговорите преку она младо момче, чиј личен долг спрема Заевци, и амбиција во политиката се поголеми од здравиот разум. Не посегнувајте по таква злоупотреба.
Ниту преку еднолично соопштение со кој ќе си ја ишкате мувата од капата сакајќи да ги посипете сите други со вашата кал нема да помине. Вашиот образ одамна не е чист, а единственото нешто правилно и морално во едно такво ваше безморално мракобесие кое можете да го направите, е давањето оставка и ништо повеќе, стои во неговиот пост на Фејсбук.