Мицкоски до Заев: “Не сум како киша око Крагуевац, туку како надојден Вардар со многу факти и аргументи”

Tретиот дел од ТВ дуелот помеѓу Заев и Мицкоски кој сеуште трае, а се однесува на меѓународната политика, договорот за добрососедство со Бугарија и преговорите со Грција за државното име, предизвика најжестока дебата.

Во еден дел Заев му рече на Мицкоски дека е “Како киша око Крагуевац”, на што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му одговори:

“Македонија тргува со сопствените национални интереси и ги распродава. Јас не сум “како киша око Крагуевац”, туку како надојден Вардар со многу факти и аргументи”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.