Мицкоски: “Доколку СДСМ прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ таа одлука ќе ја поништи”

Во видео обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нема да дозволи Заев и СДСМ да и нанесат дополнително понижување на македонската нација.

Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација е припадник на Бугарската нација, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, дополнително понижување, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео обраќање до јавноста.

„Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата“, кажа Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.