Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на кумановско Доброшане.
-Тука условите за живот се кастрофални, ниту живот дојде, ниту нешто се гради. Жителите велат има неколку домашни компании кои со години се трудат да го развијат бизнисот, но до таму води земјен пат. Тврдат сакаме да градиме иднина и бизнис, но до нашите фирми носи каллив пат, власта нема чувство да поддржи и изгради потенцијал, вака во Европа не се влегува. Тежок живот за граѓаните на оваа кумановска населба. Баловите на кои оди премиерот не ги решаваат проблемите во Доброшане, треба работа и посветеност, матните тендери на власта нема да ја покријат неработата, треба засукување на ракавите и план за развој, напиша тој по средбите со граѓаните.
Мицкоски порача дека со ваквите лоши услови за работа и живот се гази човечкото достоинство.
-Државата не дава сигурност на граѓаните, а каде нема сигурност и ред, нема правда. Македонија е многу повеќе од Заевизмот кој сега ја уништува. Правдата во Македонија се гази, а законите не важат за сите подеднакво. Ова мора да се промени. Нашата борба е за право и правна држава, за принципи и развој. За закони кои се почитуваат и важат за сите подеднакво. Имаме нов пристап, создаваме нова енергија, поддршката за нас преставува обврска. Не смееме да бидеме неми на пропаѓањето на нашата земја, изборите што следат се таа шанса да кажеме што мислиме. Изборите се шансата за промената што сакате да ја видите и Македонија да оди напред! Поддршката за Гордана Силјаноска-Давкова е почетокот на таа промена со која Македонија ќе ја направиме посилна, порача Мицкоски.