Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус по повод вчерашниот празник Илинден.
-Илинден е најважниот камен-темелник на Република Македонија врз кој е изграден нашиот заеднички дом на сите нас, на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати. Тоа што е втемелено пред 115 години никој не може да го избрише затоа што и тогаш, а и сега важи истата парола БАЈРАКОТ НА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА Е РАЗВЕАН И ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА, пишува во својот статус Мицкоски.