Мицковски до власта: Еден ден ќе пукне филмот, па стварно полицијата ќе мора да ве брани од демонстранти кои „Сакаат леб“

Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил „распали“ по власта.

-За Југохром владин кредит, за големите загадувачи никаква контрола или казни. За обичниот граѓанин, најчесто мизерен сопственик на старо возило, црвена налепница и идна забрана да се движи. За тој што има пари, плус субвенција за хибрид или електрично возило. Од криминалниот буџет кој Македонија не би смеела да си го дозволи, трошки за загадувањето и животната средина. На локално ниво, Скопје ќе потроши 300 илјади евра за Европска Нова година. На министерско ниво, не се бават со граѓанинот.
Е па не може бе другари, келнерката, работникот, прекаријатот кој пали кола или фаќа автобус да ја плаќа и да плаќа за загадувањето, а вие парите да ги ставате или во џеб или да ги фрлате на луксуз и забава.
Еден ден ќе пукне филмот, па стварно полицијата ќе мора да ве брани од демонстранти кои „Сакаат леб“, пишува Мицковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.