Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се имињата на четирите бебиња, родителите од Штип ги чекале 5 години

Благослов од Бога и неизмерно сме среќни, вели Александар Зиков, татко на штипската четворка која се роди пред два дена во Скопје. Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се во добра здравствена состојба и се во инкубатор. Александар и Благица ги чекале речиси пет години.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во текот на денот ќе се слушне со таткото на штипската четворка, со цел како да им се помогне.

-Со радост ја примив веста и информацијата. Еднократно парично ќе помогнеме како општина, но и дополнително ќе ја искористам приликата во текот на денот да искомуницирам со членовите на семејството, за одблизу се информираме и осознааеме за економскиот статус и потребата од дополнителна поддршка во рамки на нашите надлежности. Секој поддршка е добредојдена во овој момент и ова се убави вести кои заслужуваат поддршка не само од институциите, туку од сите добронамерници, вели Јорданов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.