Сите ние сме запознаени со проблемот со кој се соочија околу 200 вработени во „Вeибо Груп“ во Крива Паланка, кои што останаа без работа, останаа без неплатени придонеси за пензиско и здравстевено осигурување, неисплатени придонеси за годишен одмор, несплатени прекувремените вработувања и неисплатен К-15. Вицепремиерот Кочо Анѓушев многу пати во јавноста ветуваше дека ќе даде поддршка за вработените, но повторно ништо од вашето ветување, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница.
Пратеничката Митовска упати прашање и до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски- до каде е ветувањето кое што го дадовте во предизборниот и послеизборниот период, а тоа е реконструкција на магистралниот пат Крива Паланка- Деве Баир? Но, за жал денеска не гледаме ништо од она што е ветено.
Во врска со најранлвивата категорија на граѓани, пратеничката Митовска истакна дека владата на СДСМ и министерката Мила Царовска им го скратиле покачувањето на социјална парична помош и постојана парична помош.
-Корисниците на социјална парична помош и постојана парична помош многу добро знаат дека претходната влада практикуше покачување од 5% и на социјална парична помош и постојана парична помош. Вакво покачување имаше во јули 2014 година, јули 2015 и јули 2016 година, подвлече Митовска.
Извор: kurir.mk