Фудбалерите на Тиквеш попладнево во Струмица ја совладаа екипата на Воска Спорт од Охрид со 4:1 и обезбедија опстанок во Првата фудбалска лига.
Воска и следната сезона ќе игра во Втората лига – Запад и ќе се бори со Вардар за пласман во најелитното фудбалско друшво кај нас.
Кавадарчани беа најдобри кога беше најпотребно, а во Струмица имаа огромна поддршка од навивачката група Лозари.
После натпреварот грмеше во соблекувалната. Фудбалерите и стручниот штаб го извикуваа името на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, човекот кој дава огромна поддршка за фудбалскиот клуб Тиквеш, а за денеска обезбеди и бесплатен превоз за навивачите.