Прилепчани доследни на традицијата за Коледе ги распалија коледарските огнови. Коледе се одбележуваше во секое маало и речиси на секоја улица.
Мислевме дека најуникатни беа коледарите во близина на Здравствениот дом кои во камионска приколка си поставија трпеза и столици, па на таков начин се заскријаа од студеното време, но не поправија.
Фото: Хит прослава на Коледе во камион – македонски изум каков има само во Прилеп
Исти вакви коледари имало и во населеното место Сенокос во општина Долнени, на неколку километри од Прилеп.
Поради тоа не смееше, а да не биде забележана и нивната коледарска прослава.