Се завршува проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ, напиша екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
“Денес пристигна првата од вкупно 4 електро-локомотиви кои се дел од проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ.
Со набавката на овие локомотиви се завршува проектот со кој се набавија и 6 патнички возови, 150 товарни вагони и се изврши целосно реновирање на депото за одржување во МЖ ТРАНСПОРТ АД.
Со проекти и дела се сака Република Македонија!!!”, напиша Мисајловски на Фејсбук.