МИРА ДИЗЕЛ: Автомобилот на иницијативата ,,Не биди ѓубре” доби ново име – Акцијата за почисто Скопје за чиста 10-ка (ФОТО)

Актерката Ирена Ристиќ која е дел од еко иницијативата “Не биди ѓубре”, автомобилот кој е во сопственост на оваа иницијатива го крстија Мира Дизел.

Тоа го соопшти актерката пред некој ден на својот фејсбук профил, каде напиша:

“Автомобилот во сопственост на #НеБидиЃубре се вика Мира Дизел!

Со здравје да си го носи името! Содржајно е!”

Инаку оваа акција е за секоја пофалба. Активистите редовно го собираат “скопскиот срам” од различни локации и даваат пример на сите како треба да се однесуваме со околината во која живееме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.