Министерството за култура оваа година ја прекина поддршката за здружението „Илинденски коњички марш 1978“. Со тоа единствен генерален спонзор и финансиски покровител на настанот е Општина Аеродром.
На подготовките присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека овие настани кои се од големо значење за македонската култура и традиција, секогаш ќе добиваат поддршка од него и Општината.
„Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.