“Министерот за внатрешни си поднесе оставка”

Aлбанскиот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај денеска си поднесол оставка од функцијата.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, веста ја соопшти на Твитер и напиша дека ја прифатил оставката од Џафај, без притоа да даде дополнителни објаснувања.

Џафај си даде оставка откако по неодамнешната голема операција во која беа уапсени дваесетина луѓе осомничени за организиран криминал, вклучувајќи и двајца поранешни пратеници од владеачката Социјалистичка партија.

Џафај на страницата на Фејсбук на Министерството за внатрешни работи напиша дека доброволно поднесол оставка и ги наведе своите успеси за како што вели “зајакнување на владеењето на правото во земјата”.

На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.