Зошто Пендаровски денес одбра да се самодемантира најдобро знае неговиот другар – носителот на виpycoт Заевизам, напиша Милошоски на Фејсбук.
Претседателот Стево Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префати „вирусот” Заевизам – т.е. прво настапуваше со тврдење, а потоа одеше со лажење и самодемантирање, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Тој на Фејсбук напиша дека Пендаровски на 30 мај тврдел дека вонредната состојба се прогласува поради зголемениот број заразени граѓани од ковид-19, а сега, како што напиша Милошоски, само 13 дена подоцна, Пендаровски вели дека никогаш не прогласил вонредна состојба поради бројот на заразени.